Џафери сведочеше дали можел да се избегне 27- ми април
Не можел да ги исклучува пријавните пратеници за збор затоа што немал таква техничка можност, а заради отсуства по смртта на брат му не бил запознаен дали триесетина пратеници поднеле барање конситутивната седница да продолжи и по рокот. Прашан од адвокатот на одбраната Еленко Миланов, сведокот Талат Џафери во Кривичниот суд даваше одговори дали претседавачот Вељаноски можел или не да ги спречи упадот и насилствата откако почнале да се пеат национални химни во собраниската сала.
ВО ТОЈ МОМЕНТ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО СЕДИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НЕМАШЕ ТАКВО КОПЧЕ И ОТИ ТАКВА ТЕХНИЧКА МОЖНОСТ Е СОЗДАДЕНА ПОТОА, ОТКАКО ЈАС ПОБАРАВ ПОСЛЕ СИЕ СЛУЧУВАЊА. НО, ИМАЛО МОЖНОСТ САМО, ПРЕТСЕДАВАЧОТ ДА ПОБАРА ОД РЕЖИЈАТА ДА ГО ИСКЛУЧАТ МИКРОФОНОТ, СВЕДОЧЕШЕ ЏАФЕРИ.
Џафери за сведок е повикан од ексспикерот Вељаноски. Неговите одговори биле во насока да се докаже на судот дека Вељаноски постапувал според деловникот во Собранието, иако сега е обвинет како дел од организаторите за насилствата.
Обвинетиот Никола Груевски е во бегство, а во судницата освен Вељаноски беа Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски. Рочиште беше прекинато бидејќи обвинетиот Миле Јанакиески мораше да продолжи на процесот против него за уривањето на „Космос“, па така повиканите сведоци Антоино Милошоски и Владимир Ѓорчев, Лиљана Затуровска и други поранашени пратеници ќе сведочат нараденото рочиште.