ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џафери побара ЈО да отвори постапка за инцидентот во Собранието: „Крмов да ја плати штетата“

По вчерашниот инцидент на пратениците од Левица Борислав Крмов и Димитар Апасиев во собраниската сала во која беше искршен собранискиот компјутер и дел од инвентарот од масата на претседателот на Собранието, народните избраници денешната седница ја продолжија во големата сала под куполата.

Од собраниските служби велат дека по завршувањето на вчерашната седница МВР извршил увид и дека во моментов се врши проценка од страна на собраниската комисија, осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења, по што ќе се знае точно и колкава е штета настаната од вчерашниот инцидент.Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Крмов треба да биде кривично гонет бидејќи пратеничкиот имунитет не важи надвор од собраниската говорница.

„Постапката треба да ја води Обвинителството или по пријава од полиција или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос.“, вели Џафери.Според Џафери по извршената проценка, штетата ќе треба да ја плати Крмов.

„За тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, но таа ќе треба да биде надоместена од пратеникот Борислав Крмов од Левица кој го искрши мониторот и друг инвентар од претседавачката маса во пленарната сала. Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот. Така ќе биде и во овој случај.“, рече Џафери.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.