Џафери не дозволи нарко тест за пратениците
Собранискиот спикер Џафери не дозволи пратениците да се тестираат дали се нарко зависници бидејќи немало правен основ за иницијативата на независната пратеничка група која ја поддржаа и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
Народните избраници нема да подлежат на нарко тест. Собранискиот спикер Џафери не гледа правен основ за реализирање на иницијативата на незавианта осумка за доброволно тестирање на пратениците за наркотици.
,,Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.
Поводот за оваа Инцијатива, која наиде на одобрување од сите пратенички групи, беа објавените снимки на кои пратеникот Павле Богоевски наводно се слуша како нарачува кокаи, а на кои јавноста бурно реагираше. Богоевски кој ја потврди автентичноста на аудио снимаката, но тврди дека нарачувал масло од канабис и денеска не сакаше да дава изјави.
По низата повици до надлежните институцуии овикуваат да го испитаа случајот на Богоевски и да постапат согласно законите, минситерот Спасовски вели дека полицијата се уште работи на случајот и ветува негово расчистување.
Од јавното обвинителство, пак, велат дека сесе уште го чекаат известувањето од МВР во врска со наводите кои пратеникот Богоевски ги пријавил во полициска станица и дека допрва ќе одлучуваат дали ќе го исражуваат и неовалстеното снимање и нелегалното набавување на наркотични средства.