ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џафери нема да свика седница на Комисијата за избори и именувања

Се додека власта не го има мнозинството во Комисијата за избори и именувања собранискиот спикер Талат Џафери нема да свика седница на ова тело.

Се додека власта не го има мнозинството во Комисијата за избори и именувања собранискиот спикер Талат Џафери нема да свика седница на ова тело, како што пред три дена побара опозицијата, а на која треба да се предложат имиња на нови четворица уставни судии. Според Џафери со излегувањето на БЕСА од Владата во декември лани се блокирало функционирањето на Комисијата, бидејќи сега мнозинството во ова тело го има опозоцијата, што, според собранискиот спикер, се коси со Деловникот за работа. Џафери кажа дека би било коректно пратеникот Фадил Зендели да си поднесе оставка од Комисијата, како што си поднесе оставка од местото потпретседател на Собранието откако премина во опозција, бидејќи ова место што го држи во Комисијата за избори и именувања не и припаѓа на БЕСА. Но, доколку ова не се случи тој тврди дека има механизам како да се откочи работата, но не откри дали ова значи разрешување на Зендели или пак назначување на нов член.

– По таа логика значи не може местото кое што го држел кога бил мнозиство да си го задржи како опозиција затоа што според пропорционалноста на застапеноста на политичките партии во работните тела тоа место не и припаѓа на БЕСА. Тоа место е на СДСМ. Тоа го кажува Деловникот, не го кажувам јас за да бидам нечиј судија или адвокат, но прописот е тој. И од таа причина на секоја координација е укажано дека треба да се реши ова прашање за Комисијата за избори и именување за да може истата после да покрене процедура, постапка за доекипирање на другите работни тела по однос на пратениците кои заминале од Собранието како министри или како градоначалници и по однос на пратениците коишто дошле од истите листи коишто треба да се вклучат во работа на работните тела. Тоа е Деловникот којшто така го пропишува,Талат Џафери – Претседател на Собранието.

Канал 5 побара став од пратеникот Зендели по однос на изјавата на Џафери, но до објавување на прилогот одговор не добивме.

Последен пат оваа Комисија заседавала на 7 јуни, со прва точка на дневен ред – избор на тројца нови уставни судии. Но, според собранискиот спикер, седницата била прекината поради несогласувања околу можните кандидати. Распишувањето на локалните избори, пак дополнително ја забави работата на Комисиите бидејќи Законот забранува било какви иманувања на јавни функции до завршување на изборите..

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.