Ќе стане ли младата ТВ презентерка Ејупи генерален секретар во Њујорк?
Ќе стане ли младата ТВ презентерка на вести, Бесмира Ејупи генерален конзул на Македонија во Њујорк.. Одлуката, според инфомрациите што ги објавија повеќе медиуми, ја донела Владата на затворена седница..
28 годишната тв презентерка Бесмира Ејупи ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк. Одлуката, според информациите, била донесена на затворена седница на Владата по предлог на министерството за надворешни работи.
Иако побаравме одговор, од МНР засега нема образложение по кои критериуми Ејупи е номинирана, со оглед на тоа што нема никакво дипломатско искуство. Законот за надворешни работи предвидува дека ако лицето кое се избира како генерален конзул не е професионален дипломат, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Ејупи, пак, според информациите што самата ги дала во својата биографија, кога конкурирала до Собранието за член во Комисијата за заштита од дискриминација, има наведено единствено дека работела како презентер во неколку телевизии.
Владиниот портпарол денеска не одговори конкретно дали предлогот поминал на затворена седница, единствено инсистираше дека таква точка на отворената седница немало…
Од целиот случај, се оградуваат од кабинетот на Претседателот Пендаровски.. Од таму за Канал 5 велат дека постапката за именување на генерален конзул во странство не е во надлежност на претседателот, туку на МНР и Владата..
„По прифаќање на кандидатот од страна на Владата, Министерството бара егзекватура од земјата на приемот, а по нејзиното добивање и завршените подготовки, Владата донесува одлука за именување на генерален конзул. Патентното писмо за генералниот конзул, онаму каде што е потребно, го парафира министерот, а го потпишува претседателот на Владата. “– велат од кабниетот на Пендаровски..
Инаку, според информациите, покрај за Ејупи, Владата неодамна донесела одлука за испраќање и на Петрит Муслиу како генерален конзул во Чикаго..