ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ќе се вратат ли пратениците во Собранието, власта покрена иницијатива а опозицијата е против

Власта собира потписи од своите пратеници од веќе распупштениот парламент за свикување на нова седница, потврдуваат од владејачаката партија. Причината е да се потврди новата вонредна состојба што минатата недела ја прогласи претседателот Пендарвоски, но кој и даде идеја за вакво нешто.

Неофицијално, се користи членот од собранискиот деловник во кој е наведено дека претседателот на парламентот, освен по сопствена инцијатива може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници. Дополнително, како аргумент се користи и уставниот член дека мандатот на пратениците се продолжува за време на вонредната состојба.

Наводно минимум потписи се собрани, но сега се бараат потписи и од други пратенички групи со цел да се покаже дека мнозинството народни избраници се за враќање на распуштенотот Собрание. Идејата на власта била седницата да се одржи согласно препораките за дистанца од два метри, за што собраниската зграда има услови во големата купола.

Но, дали ќе биде свикана ваква седница зависи од претседателот на парламентот. Собранискиот спикер засега молчи за ваквиот предлог. Претходните ставови беа дека веќе распуштен парламент не може повторно да се состане.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува ваквата инцијатива бидејки смета дека таа е покренета од веќе поранешни пратеници. Тоа било укажано и од лидерот Мицкоски и на последната лидерска средба.

Собранието се самораспушти на 16 февруари  заради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, но тие беа одложени поради пандемијата со Ковид-19.

Во меѓуврме, Левица на Апасиев поднесе инцијатива до Уставниот суд за поништување на одлуката на шефот на државата за воведување на вонредна сосојба бидејки ја сметаат за противуставна и со која се овозможува дополнителен рок на Владата да носи уредби со законска сила. Проценката на Левица е дека од 120 уредби кои досега биле донесени, само 40 се однесуваат на справувањето од последиците од корона вирусот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.