ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЌЕ ДРЕМЕМЕ ЛИ ОВАА ЕСЕН/ЗИМА СИТЕ ПО ДОМА?

Соочени со #НовоСекојдневиe во кое сите ние се здобивме со нов #НеформаленПартнер т.н. #Ковид-19, НУК – Независната угостителска комора во пресрет на вториот бран на пандемијата КОВИД-19 се со цел да не ги доведеме нашата Влада и Владите кон регионот да носат рестриктивни мерки и неприменливи протоколи започна иницијатива за регионална кампањата #ДржиДистанца #ЖивототМораДаПродолжи.

Целта на оваа иницијатива и кампања е доприносот од сите нас во подигање на #ЈавнаСвест во интерес на #ЈавноЗдравје за да укажеме на Владите од регионот дека успехот на нашата задача и мисија е во донесување на унифицирани и применливи Владини мерки чија основна цел е заштита на здравјето на граѓаните. Најавените мерки и рестрикции битно ќе влијаат на секојдневието и со сигурност ќе допринесат уште поголем економски удар и колапс на туристичко угостителската индустрија, ќе резултираат затворањето на границите и создавање на т.н. времени Ковид-19 државни затвори кои како последиците ќе доведат до ограничување на основното човеково право на слобода на движење.

Успешноста на кампањата не зависи само од нас.

Доколку нашиот глас и повик за подигање на јавна свест и превенција на јавното здравје стигне до Вас и до претставниците на Владите од Балканот и успееме итно сите заедно да се состанеме на хибридната регионална конференција “КОВИД-19 ■ НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР” закажана за 23-ти и 24-ти Септември во Скопје, ќе можеме јавно преку дијалог и дискусии сите заедно да допринесеме
во унифицирање, прифаќање и спроведување на мерки и протоколи на балканско ниво за новото секојдневие, со што ќе допринесеме оваа есен/зима да не ја поминеме и предремеме затворени во своите домови т.н. #Ковид19ДомашниЗатвори.

Веруваме дека превенцијата со зголемена едукацијата во подигањето на #ЈавнаСвест во интерес на #ЈавноЗдравје ќе допринесе старото мото #СедиДома го замениме со новото за сите нас во одговорно #ПочитувајПротоколи #ДаНеДремемеСитеПоДома

Сите видови подршка на секој од Вас е тоа што ни дава сила и енергија да ја подигнеме нашата свест и оствариме нашата цел во соочувањето на новото секојдневие. Очекуваме сите директно и индиректно засегнати страни да се приклучат во иницијативата за подигање на јавна свест во интерес на јавно здравје се со цел да се стигне до
сите граѓани не само во нашата држава туку во целиот свет.

НУК – НЕЗАВИСНА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.