ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Љубе Бошкоски итно синоќа бил примен на Инфективната клиника

Љубе Бошкоски, претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, вчера бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19.Тој пред неколку дена изјави дека е позитивен на коронавирусот и дека се наоѓа во самоизолација во Челопек и дека нема симптоми. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен.Меѓутоа, во меѓувреме ситуацијата се влошила и тој итно синоќа бил примен на Инфективната клиника, но засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.