ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Јануари, февруари или март – вакцини за Македонија ќе има

Март или април, најверојатно февруари, а можно е и на крајот на Јануари. Ова се месеците што влеваат надеж дека Македонија конечно ќе ги добие првите анти- ковид вакцини. Конечен – прецизен датум нема, ниту количина, но звучи одлично за ушите на веќе исцрпените граѓани, по 11 месеци живот со корона и рестрикциите и протоколите кои станаа дел од секојдневието.

Министерот Филипче првично најави дека очекува вакцините против Ковид-19 кај нас да стигнат во месец март. Првиот адут, беше Ковакс механизмот.

“Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние. Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку Ковакс систeмот.” –  ова го изјави пред еден месец министерот Филипче.

После две недели информираше дека Македонија во Февруари ќе ги добие првите дози на вакцината Фајзер, откако бил постигнат директен договор со компанијата. Ја соопшти првичната количина од 5850, која треба да пристигне во февруари, и уште 17550 во март, и не помалку од оваа количина во месец април. Со која динамика ќе се испорачува остатокот од договорените 800 илјади вакцини со Фајзер, министерот не соопшти.Но, ќе сме ги добиеле во текот на 2021 година.

“Република Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април.” – напиша на фејсбук Филипче.

Министерот вчера ги подгреа надежите, дека и Македонија брзо ќе стане дел од земјите кои добиле вакцини и дека конечно ќе почне имунизацита, макар и во симболичен обем.. Надежта ја диструбуираше до граѓаните, повикувајќи се на најавата, дека Коваксот, би можел да биде побрз и од договорот со Фајзер.

“Освен најавата дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина, како што нема ни една земја од Ковакс-системот. Очекуваме 833 илјади вакцини од Ковакс системот. Потоа 800 илјади директно од Фајзер, и 800 илјади од канцеларијата на Европската делегација, односно земјите од ЕУ ќе одвојат од своите колични за нашата земја.“ – ова го кажа вчера Филипче.

Земјава очекува вакцини од три системи – преку Ковакс-механизмот треба да добиеме 833 илјади дози. Покрај овие, според договореното, ќе имаме околу 800 илјади дози од директната спогодба со „Фајзер“ како и преку третиот, солидарен механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.