ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Јанкулоска излезе од Идризово

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска (1 ноември) е на слобода откако и беше уважена жалбата и доби условен отпуст за остатокот од затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес каде беше осудена на четири години.

Јанкулоска утрото го напуштила затворот „Идризово“, при што се јавила во пробациската канцеларија која е задолжена да го следи условниот отпуст. Тој ќе трае до 28 септември 2024 година до кога ексминистерката не треба да стори ново кривично дело.

Јанкулоска почна да ја издржува казната на 28 септември 2020 година. Одлуката за условен отпуст ја донесе Апелацискиот суд Скопје до каде таа се жалеше откако беше одбиена од Основниот кривичен суд.Од Апелација наведоа дека ги ценеле личните прилики на осуденичката особено тоа што е мајка на петгодишно дете кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување. Исто така, беше наведено дека предвид биле земени и податоците од затворот од каде управата навела дека Јанкулоска ги почитувала правата и обврските на куќниот ред, се вклопила во домската средина и имала максимално пријателски односи со останатите осуденички и коректно се однесувала кон службените лица односно не манифестирала насилни и конфликти однесувања.

„Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела“, соопштија од Апелациониот суд.

Случајот „Тенк“ е единствениот во кој ексминистерката досега беше правосилно осудена на затворска казна. Таа беше меѓу обвинетите и во предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности. Таму Јанкулоска призна вина и од Кривичен беше осудена на две и пол години затвор, меѓутоа Апелација ја преиначи одлуката и ѝ одреди условна казна. Од судските процеси што се во тек, пак, ексминистерката седи на обвинителна клупа во „Таргет-Тврдина“ каде се гони во делот од предметот што се однесува на уништување на опрема за следење на комуникациите. Останатиот дел за масовното прислушување, во кој таа не беше опфатена, застаре по измените на Кривичниот законик.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.