ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Јанева не оди на работа

Јавната обвинителка Катица Јанева од минатата недела не се појавила на работа во СЈО и непознато е дали отворила боледување или користи одмор.

Шефицата на СЈО која депонираше оставка, но останува на функцијата додека не се избере нејзина замена, и денеска не се појави на своето работно место во СЈО, а според  А1он, на работа се појавила само нејзината секретарка.

Ни обвинителот Бубевски одбил да одговори на прашањето дали контактирал со својата шефица.

„Вчера дадовме изјави, истото си останува и денес“, рече Бубевски.

Јанева во понеделникот поднесе оставка непосредно пред да биде уапсен Бојан Јовановски – Боки 13.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.