Јавното обвинителство е „глуво“ по синоќешното интервју на осудениот Груевски
Интервјуто на поранешниот премиер на Владата на Република Македонија, а сега правосилно осудениот бегалец, Никола Груевски, дадено за „Сител“ телевизија, како да ги поттикна органите на прогонот, а пред се Јавното обвинителство. Во Јавното обвинителство, како што потврдува и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, веќе се преземаат одредени дејствија кои се во насока на информирање на јавноста за досегашниот тек на истргата која се води против Груевски.
„Не знам дали точно дали тоа ќе се случи утре или можеби задутре, но повеќе од извесно е дека ќе излеземе со официјално соопштение со кое ќе информираме за досегашниот тек на истрагата поврзана со бегството на Груевски.“ – изјави Русковска.
Обвинтелката Рускоска ја потврди и информацијата која пред само неколку дена беше лиферувана од соседна Албанија, односно дека тие немаат никакви видео снимки со кои ќе може да се потврди дека Груевски ја напуштил земјата преку нашиот западен сосед и оттаму се упатил кон Унгарија. Токму поради тоа што недостасуваат снимки од безбедносни камери не ќе може да се утврди дали и кој му помогнал на Груевски во бегството од државата. Несомнено дека една ог главните поенти на Груевски во интервјуто е неговата изјава дека нему, во бегството, не му помогнал никој од власта, но дека ќе оставел истражните органи сами да дојдат во вистината за начинот на којшто тој побегнал од земјата.
Појавувањето на Никола Груевски на телевизија со национална концесија доаѓа во моменти кога Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал најави дека ќе ги обелодени имињата на оние лица кои стојат зад организацијата на протестите од 27. април 2017. година. Имено, постојат сериозни индиции дека токму Груевски е тој којшто го нарачал упадот во републичкото Собрание, но дали тие сомневања се точни ќе се знае многу скоро.
Правосилно осуден, Никола Груевски, наместо да замине на издржување на затворка казна во траење од две години, а по изречена пресуда за случајот наречен „Тенк“, односно за набавка на „мерцедес“, вреден 600.000 евра, се одлучи за бегство во Унгарија. Од 20. ноември, минатата година, Груевски, во Унгарија, е со статус на политички азилант, но тој во неколку наврати беше сниман и фотографиран со негови блиски сопартијци.