ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ѓукановиќ прв до Милатовиќ на положувањето заклетва на новиот претседател на Црна Гора

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска во Собранието на Црна Гора положи заклетва и официјално ја презеде функцијата трет претседател од прогласувањето на независноста во 2006 година.

Потоа тој го одржа првиот говор во кој рече дека промената на политичкиот естаблишмент и консолидацијата на демократијата буди оптимизам дека прашањата важни за Црна Гора ќе се решаваат во послободна средина.– Никогаш повеќе не смееме да дозволиме ниту еден поединец да се чувствува обесправен. Мојата мисија е Црна Гора со еднакви можности за сите граѓани, каде напорната работа и образованието се главни фактори за успех во животот. Ова е мојата приказна, која сакам да стане приказна за сите нас во Црна Гора. Ќе бидам кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора, рече меѓу другото Милатовиќ.

Присутни беа и поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ, кој седеше до Милатовиќ, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на Велика Британија Сер Стјуарт Пич, американската амбасадорка Џуди Рајсинг Реинке, амбасадорката на Велика Британија Карен Медокс.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.