ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ШТО НЕ ГО СМЕНАТ НАЌЕ ЧУЛЕВ АКО Е ОДГОВОРЕН ЗА НЕКАЗНУВАЊЕТО, ПРАША ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВМРО-ДПМНЕ ИГОР ЈАНУШЕВ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во онлајн интервју синоќа на ТВ 24 праша зошто техничката влада не го смени министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев ако е одговорен за неказнувањето  на прекршителите на мерките за заштита од коронавирусот, како неносење маски и неодржување физичка дистанца меѓу граѓаните.

„Нека го сменат. Зошто не го сменат министерот Чулев ако е одговорен?“, постави контрапрашање Јанушев откако беше прашан дали смета дека одговорност за пораст на бројките на новозаразени од коронавирус и за опуштање на граѓаните, има министерот Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, кој јавно ја посоветува полицијата да не ги казнува граѓаните за непочитување на мерките.

Јанушев предложи Чулев да биде сменет иако нема Собрание и нема кој да го прифати предлогот за негово разрешување.

За избори на 5 јули и конституирање на ново Собрание и Јанушев потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нејќе да чуе. Според него, моментот не е сега за избори, како што за раководството на ВМРО-ДПМНЕ не беше момент ни на 5 јуни. Не сакаат воопшто да има избори во пандемија. На прашање што ако и во септември е ваква состојбата, но и по септември, Јанушев кажа дека ако треба и во септември ќе се одложуваат, здравјето на граѓаните е пред сѐ.

Истиот одговор тој го даде и на забелешката дека се единствената опозиција која тврди дека има предност над владејачката партија, а не сака да слушне за избори ни сега, ни наесен, ни понатаму.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.