ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ШТЕДАЧИТЕ БАРААТ ДА ПРЕСЕЧЕ УСТАВНИОТ СУД: Зошто Фондот за депозити да има предност пред другите доверители

Оштетените штедачи од Еуростандард банка кои имаат штедни влогови повисоки од 30.000 евра, односно 708 штедачи, бараат од Уставниот суд да ја разгледа нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на ставот 3 од членот 163 од Законот за банки, со кој од стечајната маса на една пропадната банка прво се обештетува Фонодот за осигурување депозити, а дури потоа штедачите со поголеми влогови, кои притоа го имаат третманот на останатите доверители. 

„Нашето барање е кога ќе се исплатуваат доверителите од пропаднатата банка, да нема предимство Фондот за осигурување на депозити пред штедачите. Ова од причина што Фондот си наплатува премии од банките, за да има потоа средства да покрие ризичен настан кога таков ќе настане. Па зошто тогаш Фондот би имал предност пред останатите штедачи во подмирувањето на побарувањата“, вели за Фактор еден од штедачите кои имаат влог над 30 илјади евра.

А еве што е наведено во ставот три од членот 163 од Законорт за банки. 

„Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“, се наведфува во овој член.

Според штедачите, ова одредба е дискриминаторска и неуставна, бидејќи го доведува Фондот во монополска позиција пред останатите доверители, со тоа што му дава предност пред тие да бидат исплатени. 

Исто така, според нив, овој закон не е усогласен со Законот за стечај и Законот за фондот за осигурување на депозити. 

Токму поради оваа иницијатива, штедачите бараат да се одложи за утре закажаното прво рочиште, кое еднаш и претходно беше одложено, односно презакажано. „За утре во 10 часот е закажано првото рочиште кое беше претходно презакажано и кое повторно ќе се бара да се одложи, за да се даде време на Уставниот суд да се произнесе позитивно на нашето барање, и на тој начин да се обештетат оштетените штедачи кои не по своја вина се најдоа сред овој организиран криминал. Ова е шанса да се докаже пред целокупната македонска а и меѓународна јавност дека државата и судовите конечно ќе проработат во интерес на ѓраѓаните, а не на криминалците“, се вели во известувањето од штедачите. Значи, штедачите бараат прво Уставниот суд да го каже својот став во врска со поднесената иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од Законот за банки.

„Со иницијативата на Здружението, поднесено е исто така и посебно барање за изрекување на привремена мерка со која ќе се сопрат од извршување сите подзаконски акти, како и сите дествија преземени од Законот за Банки, па се до конечната одлука која ќе ја соопшти Уставниот Суд“, велат штедачите.Според податоците на НБРСМ познато е дека во банката отворени сметки имале повеќе од 2000 фирми, со вредност приближна на 13 милиони евра. Покрај нив свои сметки имале 136.000 домаќинства кои вкупно имале во Банката 112,3 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.