Шпионската афера во Србија го принуди Вучиќ да закаже седница на Советот за национална безбедност
Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, претходно денес за српските медиуми изјави дека Војнобезбедносната агенција (ВБА) работи со можната шпионска афера.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре закажал седница на Советот за национална безбедност, дознава српски „Блиц“.
Седницата е закажана поради објавувањето на снимката на која може да се забележи како руски дипломат и припадник на воената разузнавачка служба Георгиј Клебан дава пари на висок српски службеник.
Денес, и Безбедносно-информативната агенција ја потврди автентичноста на снимката на која рускиот разузнавач Георгиј Клебан дава пари на еден српски офицер.
Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, претходно денес за српските медиуми изјави дека Војнобезбедносната агенција (ВБА) работи со можната шпионска афера.
– Разговарав со претседателот Вучиќ, тој даде налог за ВБА случајот да го испита. Се уште ги немаме сите податоци, но доколку се е вистина, тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за сите нас – изјави Брнабиќ.
На снимакта со рускиот разузнавач, може да се забележи дека другиот човек има чин на офицер. Видеото кои го пренесоа бројни медиуми во Србија и во регионот, меѓу кои и порталот на Радио Слободна Европа (РСЕ), исто така пренесоа мислења на ескперти дека снимката е автентична.