ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шпаркасе банка Македонија ќе издава домашна платежна картичка

Шпаркасе банка Македонија АД Скопје е една од деветте банки преку кои ќе се издава „Домашната платежна картичка“, која е дел од третиот сет мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија.

Банката објави соопштение за тоа како граѓаните да проверат дали добиле картичка и да ја подигнат:

За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Шпаркасе банка Македонија АД Скопје:

– најпрвин посетете ја веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk

– а потоа на брз и едноставен начин, со внесување на Вашиот единствен матичен број на следниот линк: https://bit.ly/3cQm3T5 проверете преку која експозитура ќе биде издадена Вашата „Домашна платежна картичка“.

За сите потребни информации можете да се обратите и до Контакт-центарот на телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 8 до 16 часот.

– Важно: Банката дополнително ќе објави информација за датумот од кој картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите во една од експозитурите на Банката.

– Подетални информации прочитајте на следниот линк: https://bit.ly/3cQm3T5

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.