ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шпанскиот Сенат го ратификува македонскиот пристапен протокол за НАТО

Денеска е историски ден , го завршивме политичкиот процес за интеграција во НАТО кој почна од 1993 година, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по ратификацијата на нашиот пристапен протокол за НАТО од страна на шпанскиот Сенат.

Ова досега беше политика ова што ќе се случува од сега е форма и церемонија , рече Димитров алудирајќи на самиот чин на депонирање на нашиот акт односно законот за ратификација на пристапниот протокол во Вашингтон како и церемонијалот на подигање на нашето национално знаме пред седиштето на алијансата во Брисел , согласно новонастанатата ситуација со  пандемијата со корона вирусот.

Во владата каде прво се проследи гласањето во сенатот кое се случи од далечина односно по електронски пат присуствуваше и шпанскиот амбасадор во земјава Лоренцо Сера. Оваа можност сенатот ја има воведено во 2013-та година но за прв пат сега ја стави  во функција  за гласањето на македонскиот пристапен протокол за НАТО а поради мерката за изолација поради корона вирусот. Шпанија е последната земја на чие зелено светло се чекаше подолго време поради внатрешните состојби повторените избори и одолжувањето за формирање влада, за што амбасадорот сера се извини и најави дека очекува многу брзо документот да биде потпишан и од шпанскиот крал.

Со оглед на глобалната  ситуација со корона вирусот, Димитров не се впушти во конкретни прогнози  за тоа каков би бил исходот од претстојниот самит на ЕУ закажан за 26 месецов на кој се очекува да има позитивен исход  прашањето за одредување  датум за старт на преговорите со Македонија и Албанија.

Димитров информира дека утре КОРЕПЕР ќе има прв состанок а на 24 месецов треба да заседава и советот за општи работи на унијата, но сето тоа како ќе изгледа и дали ќе се води електронски за што не ја исклучи таа веројатност, но како и да е историската димензија и на овој чин во поглед на евроинтеграциите со ништо не би требало да е намалена.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.