ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шолц за енергетската криза во ЕУ: „Само со солидарност може да ја надминеме“

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Атина изјави дека актуелната енергетска криза во Европската унија (ЕУ) може да се реши само со солидарност, иако Берлин се противи на замрзнувањето на цените на бензинот, за што се залагаат и другите земји во Европа.

„Нашата цел мора да биде следнава: цените (за енергија) мора да се намалат. Се согласуваме дека кризата може да се надмине само со солидарност“, рече Шолц по состанокот со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис.

Шолц рече дека „донесени се многу добри и интелигентни одлуки“ на неодамна одржаниот европски самит.

Германија е меѓу земјите кои се против замрзнувањето на цените на бензинот, кои пораснаа во последните месеци во повеќето европски земји поради војната во Украина и економските санкции воведени за Русија.

На неодамнешниот самит на ЕУ беше договорена „патна карта“ за воведување мерки насочени кон ограничување на скокот на цените на енергијата.

Сепак, на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ во вторникот, повторно се појавиле несогласувања околу ограничувањата на цената на гасот. Министрите одлучија повторно да се сретнат на 24 ноември за да се обидат да усвојат пакет мерки за надминување на енергетската криза.

Од друга страна, Шолц беше обвинет за себичност бидејќи на крајот на септември, без договор со европските партнери, презентираше план за поддршка на германската економија од 200 милијарди евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.