ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ШИЛЕГОВ: ПРЕКУ МОСТОТ НА АСНОМ ЗА 70% СЕ КРАТИ ВРЕМЕТО ЗА ПАТУВАЊЕ ОД НОВО ЛИСИЧЕ ДО МАВРОВКА

Мостот на бул. АСНОМ по реализацијата на завршните градежни работи за помалку од 30-тина
дена ќе биде ставен на располагање на скопјани, а особено жителите на Аеродром, Центар и
Гази Баба, најави во денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре
Шилегов.

  • Изградбата на овој булевар во планската документација на Скопје постои уште
    од1965 година, но за жал заради отсуство на визија за развој на градот и немање чувство за
    вистинските приоритети неговата изградба секогаш била одложувана за некои подобри
    времиња, додаде Шилегов.
  • Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената
    општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со тоа
    времето на патување од Ново Лисиче до Мавровка го скратуваме за околу 70%. Со новиот
    мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот
    метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите
    општини, појасни Шилегов.
    Образложувајќи ги неговите карактеристики тој додаде дека мостот се изведува во согласност
    со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали. Има 6
    коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови
    патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќање. На
    новопробиениот булевар АСНОМ и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а
    дополнително булеварот го краси и дрворед, кој засаден од двете страни.
  • Во Скопје два мостови истовремено не се граделе со децении. Едниот е овој којшто е во
    завршна фаза, а другиот во Карпош кој штотуку го започнавме. Продолжуваме да градиме по
    план нови сообраќајни решенија кои ќе обезбедат одржлива урбана мобилност за граѓаните,
    потенцираше Шилегов.
Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.