ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шилегов: Не чув кој што нуди за развојот на градот

Во вчерашното интервју во вечерните вести на Телма, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов истакна дека другите кандидати досега не соопштиле никаква понуда за развојот на градот Скопје:
„Не чув, кој што нуди за јавен превоз, кој што нуди за развој на градот, кој што нуди за заштита на животната средина, кој што нуди за решавање на урбанизмот за нашиот град, делот за кој што не успеваме да проговориме е носењето на генералниот урбанистички план, во 2022 година треба да биде донесен.“
Во вестите на ТВ Телма, градоначалникот Шилегов најави бришење на јужната обиколница која урбанистички гио преполовува Водно:
„Градот е сериозно отиден напред. Јас најавив и јужната обиколница ќе ја избришам од градот, таа е обиколница што треба да го преполови Водно.“
Исто така, Шилегов најави заштита на оние делови од градот кои се урбанистички девастирани, најавувајќи во тие делови планирање на јавни објекти како паркови, болници, и училишта, а не само станбени згради.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.