ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ШИЛЕГОВ: ЗА 4 ГОДИНИ СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ГРАД БЕЗ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОБЛЕМИ!

Вчеравечер во паркот Ибни Пајко започна победничкиот карван на СДСМ и
официјалното претставување пред граѓаните на кандидатот и актуелен градоначалник
на Град Скопје, Петре Шилегов. Пред насобраните граѓани, покрај Шилегов, се
претставија кандидатите за советници, а говор одржа и претседателот на Владата,
Зоран Заев.
„Во Скопје 4 булевари се граделе истовремено само два пати, после земјотресот и
денес. АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош
денес се реалност која никој не може да ја избрише. Минатата година
реконструиравме и градевме вкупно 21 улица. Ја нарековме Градежна офанзива
бидејќи на толку сообраќајници во една сезона се работело повторно само 2 пати, по
земјотресот и денес. Денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два
нови мостови истовремено“, појасни Шилегов на настанот.
Видливи се заложбите на градската администрација во изминатите 4 години, со бројни
активности поврзани со заштитата на животната средина, подобрување на
инфраструктурата и создавање на функционален и хуман главен град.
Граѓаните паметат и се сеќаваат на едно не толку дамнешно време, пред не повеќе од
5 години, кога главна политика на тогашното градско раководство беа фонтани,
споменици, криминал и непродуктивни трошења. Сега, сликата за главниот град е
сосема различна.
Во обраќање кон кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, Шилегов порача
дека Скопје не смее и нема да биде уште еден експеримент на ВМРО-ДПМНЕ, затоа
што Скопје не е сопственост на ниедна партија туку на граѓаните и ги повика сите
негови противкандидати да не ги потценуваат граѓаните.
Покрај останатите проекти кои градот ги сработи изминатите 4 години, за следниот
мандат се издвојува пробивањето на булеварот Македонија (Јужен Булевар),
кој како ултрамодерна подземна сообраќајница, завршува со модерен кружен тек кај
Нова Македонија. Наскоро ќе биде завршен и булеварот Словенија, кој ќе води до
Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска. Во центарот на
градот се изведува и една од најголемите пешачки зони во Европа, која ќе се протега
од Собранието до Т.Ц. Палома Бјанка и од Старата железничка станица до Бит пазар.
„Затоа драги мои, во следните 4 години ќе го заокружиме целосно процесот на
решавање на сообраќајниот хаос во градот. Во првиот мандат започнавме храбро а во
следниот ќе завршиме и ќе го решиме проблемот за следните 50 години!“, заврши
Шилегов.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.