ШИЛЕГОВ: ГРАДОТ ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛИЗИРА, АПЛИКАЦИЈАТА „МОЕ СКОПЈЕ“ Е ДОСТАПНА НА ГРАЃАНИТЕ
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со дигитализацијата и отвореноста на
град Скопје кон граѓаните, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов посочи дека
апликацијата „Мое Скопје“ е веќе достапна на секој граѓанин: „Градот
целосно се дигитализира, контактот помеѓу администрацијата и граѓаните ќе биде
дигитален. Граѓаните во секое време ќе знаат каде ќе биде нивниот предмет, и
граѓаните преку таа апликација во секое време ќе можат да се обратат на својот
градоначалник.“
Шилегов укажа дека „она што некои го зборуваат, град Скопје веќе го има
имплементирано и го завршува“, и им порача на скопјани да ја побараат апликацијата
„My Skopje“ – „Моето Скопје“, која е веќе достапна за корисниците на андроид на
Google Store, а наскоро ќе биде достапна и за корисниците на уреди „Епл“.