ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ШИЛЕГОВ ГО ПОКАЖА РЕЧИСИ ЗАВРШЕНИОТ МОСТ НА БУЛЕВАР „АСНОМ“

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на својата фејсбук страница објави фотографија од речиси споениот мост „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром.
Мостот „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром е еден од капиталните проекти  на Град Скопје, за кој Шилегов зборуваше и на вчерашното гостување во ТВ Канал 5: „Имате булевар АСНОМ кој долги години беше рак рана на граѓаните на Аеродром, и јас очекувам некаде до почетокот на кампањата ќе го пуштиме и мостот таму во употреба…“, изјави Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.