ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шеќеринска следната недела ќе седне рамо до рамо со своите колеги од НАТО

Прва на заедничката маса со земјите членки на НАТО ќе седне министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за време на министерскиот состанок следната недела.

Историски ден кој ќе го паметат идните генерации – вака министерката за одбрана Радмила Шеќеринска го нарече денешното потпишување на протоколот за членство на земјава во НАТО. Со зачленувањето во алијансата, Македонија како што кажа таа, исполнува долгогодишна стратешка цел.

Церемонијата на потпишување на протоколот во НАТО се следеше и во медија центарот на Владата, каде меѓу претставниците од Владата, присуствуваше и шефот на канцеларијата на НАТО во земјава Зоран Јанковиќ, кој прв го честиташе потпишувањето. Честитки упати и словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец.

Двајцата амбасадори изразија надеж дека целиот процес за ратификација на протоколот ќе тече без проблеми, и очекуваат тој да помине во сите 29 земји членки на алијансата, но порачаа и дека пред земјава има уште многу работа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.