Шефот на најголемата руска банка: На Русија ќе ѝ требаат 10 години за да се опорави од западните санкции

Претседателот на Сбербанк, најголемата руска банка, оцени дека на Русија може да ѝ бидат потребни 10 години за да се опорави од западните санкции.
„Враќањето во економијата пред санкциите може да потрае 10 години бидејќи нивото на трговија е преполовено“, рече Герман Греф.
Греф посочи дека рускиот увоз, како и извозот, е преполовен бидејќи голем дел важни земји ги прекинаа економските врски со Русија.Зборуваме за закана од околу 15 отсто од БДП. Поголемиот дел од нашата економија е нападнат“, рече челникот на Сбербанк на годишниот меѓународен економски форум во Санкт Петербург.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: