ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шест илјади амандмани на предложените измени на Изборниот законик

На предложените измени на изборен законик поднесени се над 6 илјади амандмани. Законите се на дневен ред на денешната седница а се поднесени од 15 пратеници од помалите партии кои предлагаат една изборна единица и отворени листи.

На денешната седница се предложени два предлог закони за измени и дополнувања на Изборниот законик. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници а вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници. Во вториот предлог исто така се предвидува замена на родовата квота од 40% со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.