ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шекеринска, Јанева, Камчев, Богоев, Кирацовски…гости во куќата на Боки 13

Радмила Шекеринска, Катица Јанева, Орце Камчев, Зоран Милевски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј Варошлија, Венко Филипче, Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Јадранка Костова, Гордана Дувњак… се луѓето кои, според вработената куќна помошничка, доаѓале во домот на Бојан Јовановски. 

Драгана Колевска која работела хонорарно одреден временски период во куќата на Јовановски, денес во својство на сведок пред судот наброја долга листа на имиња на политичари, бизнисмени, јавни личности, новинари… Таа пред судот денес раскажа дека во куќата на Бојан Јовановски во времето кога работела се реновирале просториите, се купувале телевизори и мебел, а во куќата се носеле и уметнички слики. За уметничките сили Колевска рече дека не биле купени, туку, како што кажа од она што го чула од луѓето кои ги местеле на ѕидовите, разбрала дека се од некоја галерија. Разговорот помеѓу оние кои ги донеле уметничките слики и Јовановски бил дека кај Бојан повеќе ќе се продадат сликите отколку онаму каде што стоеле. Од долгата листа на личности кои ги спомена сведокот најчест гостин во куќата на Јовановски бил Кичеец. За него Колевска рече дека доаѓал кај Бојан скоро секој ден, а понекогаш и двапати дневно и, како што појасни, имал комплетна слобода да влезе во просториите без да тропне.

„Во куќата каде што живееше Јовановски доаѓаа Шекеринска и Јанева на кратка посета, доаѓаше Орце Камчев, Зоран Милевски, Стефан Богоев, Кирацовски, Лила, Сергеј. Еднаш дојде и Венко Филипче заедно со Камчев и со Милевски. Кичеец беше чест гостин во станот на Бојан, доаѓаше скоро секој ден, понекогаш и двапати на ден, а влегуваше без да тропне. Ги послужував со кафе, сок, а понекогаш и со храна, а разговори конкретни не сум чула, слушав само општи разговори кои, според мене, не беа опасни. Јас и Бојан разговаравме дека Кичеец во куќата се однесува како дома. Не сум видела пари кај Бојан, освен оние што мене ми ги даваше како плата“, сведочеше Колевска.
Таа на крајот од сведочењето појасни дека во куќата на Јовановски Кичеец доаѓал со различни автомобили, а она што ѝ останало во сеќавање била портокаловата боја на автомобилите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.