Шахпаска: Трговските центри ќе плаќаат поголем данок и поголеми дневници за работа во недела
Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, денеска на промоција на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2021 рече дека се разгледува можноста трговските центри да продолжат да работат во недела, но да плаќаат поголем данок и поголеми дневници за вработените.
„Три месеци ние како Влада разговараме, оваа дебата е навистина суштинска. Вклучени се и коморите и во текот на расправата произлегоа други размислувања и кога носите некоја мерка и проекција, вие мора да се соочите и со бројките и со реалноста. Разговарамме и со колегите министри и за работењето на трговските центри
Анализите покажуваат дека 50 проценти од својот промет трговските центри го обавуваат во недела, тоа се серизони бројки и придонес во целокупната економија и во шопинг-туризмот. Секако ќе биде построго дефинирано работното време и со дополнителни критериуми во драфт-верзијата како обврски на сопствениците на продавниците за дополнителен данок за државната каса и дополнителен придонес кон работниците“, реше Шахпаска.
Владата веќе подолго време најавува измени во Законот за работни односи, со кои одредени дејности нема да работат во недела, односно да работат само оние сектори кои се неопходни.