ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шалтерите на Пошта за граѓаните ќе профункционираат од март 2021 г.

За плаќање сметки во Пошта граѓаните ќе почекаат до наредната година. Најверојатно веќе на пролет ќе може да се плаќаат сметки и да се подигнува пензија.

Од Пошта уверуваат дека до крајот на оваа година и официјално ќе го потпишат договорот со Халк банка, а таа потоа ќе има рок од 2 месеци да се поврзе со системот на Пошта.

„Договорот е во финална фаза, постојат некои детали кои ги договараме и истиот ќе биде потпишан до крајот на оваа година. Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне по што очекувањата се дека на први март следната година граѓаните ќе можат да плаќаат во филијалите на Пошта.“- Македонска Пошта.

Промени во начинот на плаќање нема да има. Граѓаните повторно по ниски провизии ќе може да ги подмируваат своите сметки, а ниту вработените во Пошта нема да посетуваат обука, бидејќи софтверот за работа ќе биде истиот што го користела и пропаднатата Еуростандард банка.

„Компетитивните предности на Халк банка е тоа што таа ќе го користи истиот софтвер како претходно, техничкиот модел е спремен, вработените ќе го гледаат истиот екран, нема да има нов софтвер со што нема потреба за обука на вработените.“- Македонска Пошта.

Македонска пошта остана без платен промет уште во август годинава по пропаѓањето на Еуростандард банка. Оттогаш во Пошта може само да се праќаат пратки и писма. Граѓаните не може да плаќаат сметки, ниту да чекаат поштар да им ја донесе пензијата. Пошта со ова претрпе огромни финансиски штети. Вкупните долгови пак, кои ги има оваа институција, а се по разни основи се во вредност од 10 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.