ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Чомовски: Јас сум капетанот што последен ќе го напушти бродот

Новинарот Александар Чомовски не се откажува од 1 Тв. Тој во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77 , најави дека ќе остане со младите новинари и дека со нив ќе се обиде да ја спаси телевизијата чиј сопственик е во притвор поради рекетирање на бизнисмени.

,,Јас сум капетанот што последен го напушта бродот, не си заминувам од таму“-рече Чомовски.

На забелешката на новинарот Столе Наумов дека ако треба и последен светлото ќе го изгаси, Чомовски рече:

,Да, ако треба и светлото ќе го изгаснам. Не се откажувам, имам исконска потреба од нешто што згаснува да создадам нешто ново“-рече Чомовски.

Чомовски и како пензионер не се откажува од активно новинарство. По згаснувањето на А1 смени повеќе телевизии, меѓу кои МТВ, Телма, и сега 1 ТВ.

Остана запаметен по гасењето на последниот рефлектор во студиото на А1 пред нејзиното затворање.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.