ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Четврт сет мерки: Платежни картички за пензионери, самохрани мајки, студенти и ученици

Платежни картички за купување на домашни производи од 6.000 денари за пензионери, самохрани мајки и баратели на работа, скалеста помош за субвенција за плата за месец октомври. Ноември и декември, викенд без ДДВ за сите граѓани. Премиерот Зоран Заев го презентираше четвртиот сет мерки кој го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите погодени од корона кризата. Ќе се поделат над 280.000 платежни картички за купување на домашни производи.  А ќе ги добијат пензионерите со пониска пензија од 15.000 денари, самохраните мајки и над 83.000 пасивни баратели на работа. Продолжува и субвеницирањето на платите во стопанството до крајот на годината, но овој пат скалесто до 21.700 денари, според загубите на комапнијата.

Во пакетот од 31 мерка се предвидуваат грантови и за игротеките, ресторантите за свадби, туристичкките агенции, минимални плати за туристичките агенции. Безкаматни кредити до 100 милиони евра одново стојат на располагање, а ќе се менуваат и закони за да се намали ДДВ за ресторанските услуги за храна и пијалоци на фиксни 10 проценти. Обемениот сет мерки ќе се финансира од кредити, а ќе се кратат и непродуктивните трошоци.

За време на празничниот викенд во октомври ќе се пазаравува со целосен поврат на ДДВ до најмногу 30.000 денари, најави Заев. Компаниите кои ќе аплицираат за финансиска поддршка за плати да ги вратат отпуштните вработени од месец април до август побара прмиерот, а на оние фирми  кои се соочија со кривични пријави за неисплатени плати од помошта за првите месеци од кризата да ги исплатат парите за да можат одново да аплицираат. Четвртиот пакет тежи вкупно 470 милиони евра. Владата очекува со него да опфати над 600.000 илјади граѓани.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.