ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Честитка од претседателот Иванов по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Ваше Блаженство,

Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на преподобното свештенство, како и на сите православни верници во земјата и во странство, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот празник Св. Климент Охридски.

Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски.

Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот.

Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја. Неговото дело и мисија се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазична посебност е исконска должност.

Чествувањето на вакви големи празници е темелна премиса за јакнење на духовноста и почитување на христијанските вредности.

Неговото црковно и просветно дело треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела.

Честит празник и за многу години!

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.