Ципрас се надева на нов мандат

Brussels, Belgium, March 13, 2015. -- Greek Prime Minister Alexios Tsipiras is talking to media with the President of the EuropeanParliament (Not pictured) at the end of a bilateral meeting in the European Parliament., Image: 226620526, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license to or for use in Thailand. For multi-territory license please contact your Corbis Account Representative., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis
Грчките пратеници го одобрија буџетот на оваа презадолжена земја за идната година. Ова е прв грчки буџет откако земјата излезе од осумгодишната програма за финансиска помош.
Буџетот помина со 154 спрема 143 гласа, додека тројца пратеници беа отсутни во парламентот кој има 300 пратенички места.
Повикувајќи ги пратениците да гласаат грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави:
„Сакам да ве повикам да гласате за првиот буџет во пост-финансиската помош на нашата земја. Првиот буџет со фискален раст по осумгодишната рецесија, првиот буџет што ни припаѓа и нам и вам. Првиот буџет на Грција, што повторно е слободен, реконструиран и оптимистичен за Грција која е поправедна и понапредна“.
Ципрас додаде дека сето ова било постигнато со големи жртви од страна на грчкиот народ кој, како што рече, успеа да излезе од финансиската криза.
Грчкиот премиер изрази уверување дека неговата влада ќе има шанса да добие нов мандат од грчкиот народ за да ја продолжи работата.
Пратениците од опозициската „Нова демократија“ гласаа против буџетот.
Претседателот на партијата Киријакос Мицотакис, најавувајќи го тоа, освен во врска со економските несогласувања со владата ги спомна и оние околу националните прашања:
„Ние ќе гласаме против буџетот. Ние гласаме не само против одредбите во буџетот, туку гласаме и против вашата влада, г-дин Ципрас. Ние гласаме против владата на лаги, измами, ароганција и цинизам, владата која го отежнуваше животот на грчките луѓе, особено на посиромашните. Ние гласаме против владата на даноци и тешки, долгорочни мерки на штедење. Ние гласаме против владата поради неприфатливи неуспеси за националните прашања“.
Додека траеше дебатата, челнови на синдикатите одржаа протестен марш пред грчкиот парламент.
Христос Валцијанис, пензиониран возач вели:
„Со буџетот за кој се гласа вечерва, парите што ги земаа од нас, кои работевме за тоа, им ги даваат на работодавците, индустријалците, бродските магнати. Наместо да ги користат овие пари за здравството, образованието и пензионерите, тие ги претворија нашите пензии во ништо. Немаме скоро ништо“.
Јанис Паидас, шеф на сојузот на државни службеници пак додава:
„Утврдивме дека финансирањето во буџетот и за образованието и за здравството е многу пониско од нашите очекувања, и е исто и полошо од претходните години. Исто како и со оданочувањето, ќе има милијарда евра зголемување на оданочувањето. Како што знаете, ова зголемување ќе биде товар за вработените Грци“.
Буџетот за наредната година и натаму предвидува мерки за штедење, со цел да се обезбеди Грција да забележи суфицит, во согласност со договорот за олеснување на долгот со меѓународните кредитори.