ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ципрас: Изборите за ЕП се гласање за доверба на мојата политика

Brussels, Belgium, March 13, 2015. -- Greek Prime Minister Alexios Tsipiras is talking to media with the President of the EuropeanParliament (Not pictured) at the end of a bilateral meeting in the European Parliament., Image: 226620526, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license to or for use in Thailand. For multi-territory license please contact your Corbis Account Representative., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека изборите за Европскиот парламент се гласање и за доверба во неговата политика и планот за штедење во 2019 и 2020 година.

Запрашан дали размислува за предвремени избори во јуни и дали тоа зависи од резултатите од гласањето за изборите во Европскиот парламент, Ципрас рече дека луѓето в недела можеби нема да гласаат за Владата, но ќе се изјаснат за политиката, која ќе владее во земјата во наредните години.

Ако се отфрлат овие мерки, сите перспективи се отворени, рече Ципрас без да даде детали. Секој процент на пораз за СИРИЗА, ќе отвори дискусија за која не можам да ја предвидам како ќе заврши. Ние би влегле во авантура, рече грчкиот премиер.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.