Ципрас бара гласање на недоверба на владата на Мицотакис
Алексис Ципрас бара гласање на недоверба на владата на Мицотакис.
Лидерот на грчката опозициска Сириза, Алексис Ципрас доставил предлог за гласање недоверба на Владата.
За време на расправата во парламентот околу законот од министерството за развој, Ципрас вонредно побарал збор,и упатил остри критики и обвинувања до владата, особено околу справувањето со снежната бура.
За време на говорот Ципрас ја оквалификувал владата на Мицотакис како „најлошата влада во земјата по падот на хунтата“.
Владата на Нова Демократија во парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: