ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Цехот на царините на Трамп против Кина го плаќаат САД

Претседателот на САД Доналд Трамп во 2018 година воведе царини за кинескиот увоз во обид да го намали американскиот трговски дефицит. Истата година, кинескиот извоз во САД се зголеми за 34,5 милијарди долари, а американскиот извоз во Кина се намали за 9,7 милијарди долари.

По последните пресметки царините на Трамп се закануваат да опфатат увезени стоки од Кина во вредност од 550 милијарди долари. Тие може годишно да ги зголемат трошоците за увоз и за потрошувачите во САД за над 100 милијарди долари.

Воведените царини на Трамп резултираа и со одмазднички потези на други земји против извозот на САД. Кина, Индија, Турција, Русија и ЕУ воведоа царини за американскиот извоз во вредност од над 104 милијарди долари. Бројките сугерираат дека Вашингтон не победува во трговската војна. Тарифите се совпаднаа со зголемувањето на увозот на САД од Кина на 539,7 милијарди долари лани и не успеаја да го намалат трговскиот дефицит на САД.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.