ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Цените од Миконос и во остатокот од Грција? Две лежалки со чадор 80 €, ако донесете дете 100 €

Вообичаените цени на Миконос се чини дека стануваат реалност и во некои други делови на Грција.

Имено, на плажата Астерас Вуjагменис во атинското предградие со исто име, сетот лежалки стана значително поскап поради новите задолжителни правила на однесување на плажите.

Значи, сега две лежалки и чадор чинат дури 80 евра, а плажата не прифаќа ниту еден човек повеќе од тоа што е предвидено.

Ако земете дете со вас, тогаш ќе платите 100 евра, а ако сте сами повторно 80 како за двајца.

Секој пат кога ќе се испразнат лежалките, вработените веднаш ги дезинфицираат за да може да дојде следниот корисник.

На влезот, персоналот носи маски и покрај високите температури, а социјалното растојание мора да се почитува.

На плажа има само еден бар што нуди кафе за носење, сокови и спакувана храна, како што се бара со новите правила на грчката влада.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.