ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Цените на основните продукти да останат „замрзнати“ до крајот на февруари, предложи Бектеши

Претходно Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги „замрзна“ цените на основните прехранбени продукти чија продажна цена беше онаа од први декември, а беше предвидено мерката да трае до 31 јануари годинава. Од Владата тогаш најавија и оти одлуката може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 година ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот

Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предложува продолжување на мерката за „замрзнување“ на цените на основните прехранбени продукти до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши преку фејсбук-статус.

Претходно Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги „замрзна“ цените на основните прехранбени продукти чија продажна цена беше онаа од први декември, а беше предвидено мерката да трае до 31 јануари годинава. Од Владата тогаш најавија и оти одлуката може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 година ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот. 

„Замрзнати“ беа цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, а дополнително беше донесена одлука да се „замрзне“ цената и на оризот, тестенините и јајцата.

Замрзнувањето на цените важеше во трговијата на мало и на големо.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.