ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Цените на бензините не се менуваат, намалена е цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17 август додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на мазутот М-1 НС за 0,323% и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг – 26,280 ден/кг. Од утре максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин                 ЕУРОСУПЕР БС –  95                           59,50 (ден./л.)

– Моторен бензин                 ЕУРОСУПЕР БС – 98                           61,50 (ден./л.)

– Дизел гориво                      ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      52,00 (ден./л.)

– Масло за горење               Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          51,50 (ден./л.)

– Мазут М-1 НС                   26,280 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 1,352%, намалување на дизелот за 0,365% и на екстра лесното масло за 0,708%, додека кај мазутот има зголемување за 0,361%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,654 %.

Oва се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25 август. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ со цени од 17 август се дадени во следната табела: 

 Еуродизел (ЕУР)ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија0,8440,966
Австрија1,0281,062
Бугарија0,9330,923
Хрватска1,1591,206
Германија1,0831,287
Грција1,1581,430
Италија1,2851,398
Унгарија1,0821,067
Словенија1,0081,007

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.