ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Царовска: Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа, граѓаните да се пријавуваат во центрите

Сите лица кои се во социјален ризик од среда (29 мај) можат да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа, да поднесат барања за да може може да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа. Исплатата на социјалните права, според новите закони, почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300 отсто. Со реформата годишно во буџетот се предвидени две милијарди денари.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која рече дека со реформата се опфатени сите кои досега примале социјална помош, домаќинствата со деца кои се со една минимална плата, невработени родители кои чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години кои не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.