ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЦАРОВСКА: МОН НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА УЧИЛИШТАТА ПОРАДИ КОВИД 19

Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок, туку поддршка, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

-Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и наука и институциите под него, се однесуваа наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од Државен просветен инспекторат (ДПИ), тоа не е за да бидат казнети, туку за нивната работа да биде поддржана и да биде поквалитетна и така работиме, укажа министерката Царовска.

Преку Државниот просветен инспекторат, како што информираат од МОН, направени се повеќе од 4.200 надзори, околу 2.700 се редовни, 1.400 се вонредни, и одредени се 295 контролни, за да се  види дали се отстранети забелешките.

Царовска, се вели во соопштението до МОН, рече дека сите институции под Министерството се информирани дека во овој период бирократијата е најмалку важна. Најзначајно е менталното здравје на наставниците, менталното здравје на учениците и нивната врска којашто треба да ја имаат во континуитет во текот на училишната година.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.