Хрватите собрале повеќе од 12 милиони евра за жртвите на земјотресот – премиерот вели дека државата покажала голема солидарност
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/hrvacka-zemjotres.jpg)
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рекол денеска дека граѓаните досега за помош на погодените подрачја од земјотресите во државната благајна уплатиле скоро 59 милиони куни (околу 7,8 милион евра), а Хрватскиот Црвен крст повеќе од 35 милиони куни (околу 4,6 милион евра).
Навел дека тоа покажува голема солидарност и оценил дека Хрватска, реагирајќи на земјотресот кој го погоди централниот дел на земјата ја покажала својата сила и елиминирала сериозни обиди за разградување на државата.
Пленковиќ во Сисак после обиколката на Општата болница „Др. Иво Педишиќ“ рекол дека примарните амбуланти се активни во Сисак и во Петриња истакнувајќи дека во подрачјето здравството за краток рок направило максимално се што можело.
Пленковиќ изразил благодарност за сите граѓани на спонтаните иницијативи, пренесува Хина.
„Ова не е никаков натпревар, натпревар кој прв ќе помогне. Ова е ситуација во која мораме да имаме синергија на делување на сите оние кои за тоа се надлежни и оние кои сакаат од срце да направат добро дело“, рекол Пленковиќ.