ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Холандија: За секој километар поминат со велосипед до работа – помал данок

Холадија ќе ги субвенционира граѓаните кои ќе одат на работа со велосипед.

Владата ќе им го намалува данокот своите граѓани за 0.19 евра за секој поминат километар на велосипед кој се користи како транспортно средство за одење на работа.

Според оваа нова холандска мерка, рутата по која ќе возат вработените од дома до своето работно место ќе биде прецизно утврдена со работодавачот. Покрај оваа мерка која има за цел да ја стимулира употребата на велосипедот како транспортно средство, холандската администрација неодамна објави дека ќе инвестира 340 милиони евра во инфраструктурата за возење велосипед за да привлече најмалку 200.000 луѓе за возење велосипед во следните три години.

Проектот планира да трансформира 15 нови правци во „велосипедски автопати”, кои ќе го поврзат центарот на градот со предградијата. Со овој проект предвидено е да се создадат 25.000 места за паркирање за велосипеди и да се изградат повеќе од 60 места за складирање на велосипеди.

Холандија има 17 милиони жители и 23 милиони велосипеди.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.