Хејли: „САД никогаш нема да можат да ѝ веруваат на Русија“
Русија никогаш нема да ѝ биде пријател на Америка, а Вашингтон никогаш нема да може да ѝ верува на Москва, под никакви околности, изјави Ники Хејли.
Поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации, сепак додаде дека и покрај тоа Америка секогаш ќе се залага за отворена комуникација со Русија.
„Русија никогаш нема да ни биде пријател“, рече Хејли на настанот на Лонг Ајленд, повторувајќи „Никогаш нема да можеме да ѝ веруваме на Русија под никакви околности“.
„Русија се мешаше во нашите избори, ние тоа го знаеме, го гледаме, како што го гледаат и другите земји“, рече таа.
Хејли исто така истакна дека „Русија добила сила врз основа на хаосот што го создава во другите земји“.
Таа се осврна и на иницијативата за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека на американскиот парламент ми престојат далеку поважни работи што треба да ги спроведе отколку да се бави со политички игри.