ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Хајредини: Знаеме ние, знае и Амбасадорот Бејли кој ја создаде кризата

Али Ахмети имаше проштална средба со американскиот амбасадор Џес Бејли. Џевдет Хајредини не дозволи ова да биде само уште еден пропаганден потег на Ахмети. Кратко, јасно и жестоко, тој го демаскира овој политички мастодонт во пар нови, маестрални потези:

Али Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Џес Бејли за неговата улога во надминувањето на кризата. Улогата на амбасадорот навистина беше огромна, но, исто така, сите знаеме, а подобро од нас знае и самиот амбасадор Бејли, колку голема беше улогата на Али Ахмети и Груевски во создавањето на кризата.

За ДУИ сега нема ништо поважно отколку да се спасат од обвиненијата, предистрагите и истрагите на СЈО, од евентуалното објавување на нови „бомби“ за нивните  челници, да остане на сила истиот изборен законик и да не се спроведат реформи во државната администрација и судството.

Кога Зоран Заев би бил во можност ова да го исполни, не Денко Малески, туку за консензуален претседател би го прифатиле и Амди Бајрам, ако им го предложи.

Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.