ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Харадинај патува во Хаг, в среда ќе излезе пред судот

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ќе замине утре во Хаг со цел во својство на осомничен да даде изјава пред обвинителите на Специјалниот суд за воени злосторства, пренесуваат косовските медиуми.

Тој веќе в среда би требало да се појави пред обвинителите на Специјалниот суд.

Истиот ден ќе биде испрашан и поранешниот портпарол на Главниот штаб и поранешен претседател на косовското собрание, Јакуб Красниќи.

Уште не е познато во кое својство Красниќи ќе се појави во судот – дали како сведок или како осомничен, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.