ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ХАРАДИНАЈ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА СРБИТЕ: Ќе добиете уште потешки мерки, ќе видите

Против Србија освен таксата од 100 отсто на увозот на српски производи ќе се преземат и други тешки мерки. Ова го кажал премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

-Има и други мерки кои може да се случат, но не се тарифни. Ќе видите кога ќе дојде до нив-изјавил Харадинај за албанската ТВ А2, пренесоа медиуми од Приштина.

Косово на 6 ноември после гласањето во Интерпол воведе такси од 10 отсто за увозот на производи од Србија и БиХ, а на 21 ноември Владата на Косово ги зголеми таксите на 100 отсто.

И покрај притисокот и повикот да се укине таксата , Харадинај изјавил дека таа ќе биде укината дури кога Србија ќе ја признае независноста на Косово.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.