ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Харадинај: Договорот за авиолинија со Белград не му наштетува на суверенитетот на Косово

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави денеска дека договорот за отворање на авиолинија меѓу Приштина и Белград не им наштетува на суверенитетот и независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната сединца на владата, Харадинај изјави пред новинарите дека отворањето на авиолинијата нема да значи укинување на таксата од 100 отсто на увозот во Косово на производи од Србија и Босна и Херцеговина, како што објавија некои медиуми.

Според косовскиот премиер, имплементирањето на договорот, кој завчера во амбасадата на САД во Берлин, одделно, во вид на писмо за намери, го потпишаа претставници на воздухополовните власти на Косово и Србија со авиокомпанијата Луфтханза, „може да значи и признавање на косовската документација од страна на Белград”.

– Постигнувањето на еден договор за директни летови од Белград за Приштина не менува ништо во нашиот статус, во нашиот суверенитет (…) Ние се уште не располагаме со нашиот воздушен простор, тој простор го контролира НАТО и во договор со НАТО таа контрола ќе ни премине нам. Но, тој ден се уште не е стасан, поради безбедносни причини, и ние сме посигурни додека е под НАТО (…) Договорот не значи враќање назад, ниту за суверенитетот ниту за независноста на Косово. Значи се работи само за јазик на бизнисот, кој во овој случај се користи за лет од едно место до друго, изјави Харадинај. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.