ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Хан: 2025 година е реален датум за нови членки на ЕУ ако се исполнат критериумите

Само ако се забрза со реформскиот процес постои можност 2025 година да биде реален датум за прием на нови земји членки во ЕУ тврди комесарот за проширување Јоханес Хан. Во интервју за германски Ди Велт тој го објаснува процесот на решение на спорот со името и неговата како што вели тој важност за надминување на проблемите на западен Балкан.

– Датумот 2025 година е индикативен, но ако имплементацијата на реформите се интензивира тој е доста реалистичен. Како и да е, сите критериуми за членство мора да бидат исполнети пред приклучувањето, нема скратен пат. Овде мотото е: „квалитетот е пред брзината“, вели Хан.

Комесарот оценува дека договорот од Преспа го исполнува и аргументот на земјите членки дека проширувањето би имало смисол само доколку сите земји членки се приклучат на унијата. Хан вели дека веќе е започнат и процес на позитивен натпревар помеѓу земјите од регионот за тоа кој прв ќе го постигне најбрзиот напредок.

– Имплементацијата на овој договор ќе испрати важен сигнал дека помирувањето на Западен Балкан е возможно. Во овој аспект, тоа може да има и силен ефект врз решавањето на конфликтот помеѓу Србија и Косово, што во крајна линија би довело до напредок во процесот на пористапување на Западен Балкан, вели Хан.

Во интервјуто за Ди Велт, Хан испраќа порака на благодарност до пратениците кои го подржаа стартот на процесот за уставни измени посебно до оние кои се дел од опозицијата за превземените последици со исклучувањето од партијата. Јоханес Хан е оптимист дека договорот од Преспа ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент откако ќе ги помине сите потребни фази во Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.